За нас

Почитувани клиенти,

Добродојдовте на веб страната на Штедилница МАК БС.

Нашата определба е да Ви служиме и да ги исполнуваме Вашите желби и потреби од аспект на банкарското работење.

Штедилница МАК БС ја создаде оваа веб страна со единствена цел – приближување на нашите производи и услуги до Вас почитувани клиенти.

На веб страната ќе можете да добиете детални информации за нашите депозитни и кредитни производи, условите под кои се прибираат штедните влогови и одобруваат кредити, финансиски показатели и други информации поврзани со работењето на Штедилница МАК БС.

Исполнувањето на Вашите желби и потреби претставува наш предизвик.

 

 

ОБРАЌАЊЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРЕН ОДБОР

Штедилницата МАК БС ДОО Скопје е регистрирана со решение на Основен суд Скопје 1 – Скопје Срег.Бр. 2541/91 од 09.05.1991 година, како Претпријатие за штедно-кредитни работи МАКБАНКА-БС АД Скопје.

На 20.10.1993 год. е донесена Одлука за промена на името во Штедилница “ МАК БС” АД Скопје. По добивањето на решение (дозвола) од страна на Народна банка на Република Македонија на 13.12.1993 год, извршено е пререгистрирање на Штедилницата.

Основната определба на Штедилницата, од самото основање, е да работи почитувајќи ги принципите на сигурност, ефикасност, доверливост, а истовремено почитувајќи ги законските одредби.

Клиентите секогаш го завземале централното место во работењето на Штедилницата, и затоа огромно внимание се посветува на тоа да преку искусниот и професионален кадар тие ги добијат сите потребни информации.

Штедилница “МАК БС” Скопје, во текот на своето работење, успеа да прерасне во најголема Штедилница во Република Македонија, како по големината на основачкиот капитал, така и по финансиските показатели како РОА, РОЕ, стапката на профитабилност и др.

Во континуитет настојуваме да го збогатиме нашето работење и да изнајдеме нови начини и нови производи преку кои ќе излеземе во пресрет на Вашите барања и желби.

Стратешката определба на Штедилницата е прераснување во Банка, со што ќе можеме поголемо внимание да обрнеме и на потребите на малите и средни претпријатија.

Претседател на Надзорен Одбор,
Марјан Стојменов