Износ на кредитот

до 600.000 денари
до 90% од вредноста на девизите по среден пресметковен курс на НБРМ

Обезбедување

Период

Каматна стапка

Трошоци

залог девизи

 до 100 месеци

10.90% год.     номинална стапка

Апликативен

Манипулативен

500,00 денари

2 % од износот на кредитот

Интеркаларна камата

Од денот на исплата на кредитот до денот на почеток на пресметка на првиот ануитет во висина на номиналната каматна стапка

СВТ

12,13% СВТ за износ  на кредит од 600.000 МКД, к.с 10,90%,

2% манипулативен трошок, 500 денари апликативен  трошок и рок  на отплата 100 месеци.

* Врз висината на СВТ влијае рокот на враќање на кредитот, износот на кредитот, износот на трошоците за кредитот што се вклучени во пресметката на СВТ и висината на номиналната каматна стапка

Користење на кредитот

Кредитот намален за износот на трошоците, интеркаларната камата  и друго се користи со:
-пренос на средствата на сметка на корисникот на кредит (штедна книшка и сл)
-исплата во готово на благајна во Штедилницата
-на друг начин по налог на корисникот на кредит
Корисникот на кредит е должен да склучи договор за кредит со Штедилницата и истиот да го отплаќа според утврдените услови.

Отплата на кредитот

Кредитот се отплаќа во еднакви месечни ануитети или рати или по истеткот на рокот на кој е склучен договорот. Ануитетот или ратата содржи дел главница и дел камата.
Првиот ануитет или рата достасува според амортизационен план или согласно договорот.
Доколку отплатата на кредитот е по истекот на периодот на кој е склучен договорот, каматата се пресметува и достасува месечно.
Пресметката на ратитите или ануитетите е месечно.

 

ОПШТИ ОДРЕДБИ

 

Право на користење на кредитот имаат државјани на Република Македонија со постојано место на живеење во Република Македонија и со редовни месечни примања.

 

КРЕДИТНА СПОСОБНОСТ

 

Штедилницата утврдува кредитна способност за кредитобарателот до износот од 90% од депонираните девизи.

Девизите остануваат  депонирани во штедилницата се до целосна отплата на кредитот.

Штедилницата во постапката на обработка на Барањето за кредит покрај однапред утврдената документација го задржува правото да побара и дополнителна документација и утврди друга кредитна способност.

 

ИНСТРУМЕНТИ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА КРЕДИТОТ
-   кеш колатерал – девизи

 

ОСТАНАТИ УСЛОВИ
Сите трошоци поврзани со одобрување, осигурување, користење и отплата на кредитот, како и нотарските услуги ги сноси корисникот на кредит.
За предвремена отплата на кредитот Штедилницата не пресметува и наплатува  провизија на предвремено отплатениот дел.

Штедилницата го задржува правото да одлучи по сопствена проценка поинаку кај утврдувањето на кредитните способности, обезбедувањето и за висината на износите на кредитите.

27 февруари 2015