Износ на кредитот

до 3.000.000 денари

Обезбедување

Период

      Каматна стапка

Трошоци

-       хипотека

  на недвижен имот

-       меница

до 180 месеци

6,40%-фиксна (1г)

9,00% -прилагодлива за останати години

Апликативен

Манипулативен

300,00 денари

2 % од износот на кредитот

интеркаларна
камата

 од денот на исплата на кредитот до денот на почеток на пресметка на првиот ануитет во висина на  номиналната каматна стапка

СВТ

 6,93% СВТ за износ  на кредит од 3.000.000 МКД, к.с 6,40%, 2% манипулативен трошок, 300 денари апликативен  трошок и рок  на отплата 180 месеци.

* Врз висината на СВТ влијае рокот на враќање на кредитот, износот на кредитот, износот на трошоците за кредитот што се вклучени во пресметката на СВТ и висината на номиналната каматна стапка

Користење на кредитот

Кредитот се користи со:
-пренос на средствата на сметка на  корисникот на кредит
-исплата во готово на благајна во Штедилницата
-на друг начин по налог на корисникот на кредит
Корисникот на кредит е должен да склучи договор за кредит со Штедилницата

Отплата на кредитот

Кредитот се отплаќа во еднакви месечни ануитети или рати, со или без административна забрана на месечните примања на корисникот на кредит. Ануитетот или ратата содржи дел главница и дел камата.  Првиот ануитет или рата достасува за наплата според амортизационен план или согласно договорот.
Достасувањето на плаќање е секој месец.

 

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Право на користење на кредитот имаат државјани на Република Македонија со постојано место на живеење во Република Македонија и со редовни месечни примања.

Носителот на кредит -кредитокорисникот на денот на поднесување на барањето неможе да биде постар од 60 години.

 

КРЕДИТНА СПОСОБНОСТ

 

Кредитобарателот  е кредитоспособен кога пазарната вредност на залогот ставен под хипотека го покрива во целост кредитот.  Соодносот на вредноста на хипотеката и кредитот ги утврдува поединечно за секое барање повисок орган во Штедилницата. Штедилницата утврдува кредитна способност за кредитобарателот и/или кокредитобарател. Кредитобарателот и/или кокредитобарателот се кредитно способни, кога имаат нето месечни примања со кои гарантираат месечниот ануитет нема да  ½  од вкупните месечни нето  примања. 

Во кредитна способност на кредитобарателот може да се вклучи и доставена документација за вонредни приходи. Штедилницата во постапката на обработка на Барањето за кредит покрај однапред утврдената документација го задржува правото да побара и дополнителна документација и утврди друга кредитна способност.

 

ИНСТРУМЕНТИ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА КРЕДИТОТ

  • хипотека,
  • кокредитокорисник
  • меница

 

ОСТАНАТИ УСЛОВИ

Сите трошоци поврзани со проценка, одобрување, осигурување, користење и отплата на кредитот, како и нотарските услуги ги сноси корисникот на кредит.

Проценката на недвижностите ја врши овластен проценител од страна на Штедилницата.

Штедилницата го задржува правото да бара дополнителни инструменти за осигурување.

За предвремена отплата на кредитот Штедилницата пресметува и наплатува 3% провизија на предвремено отплатениот дел.

Штедилницата го задржува правото да одлучи по сопствена проценка поинаку кај утврдувањето на кредитните способности, обезбедувањето и за висината на износите на кредитите.

27 февруари 2015