Износ на кредитот

до 120.000 денари

Обезбедување

Период

Каматна стапка

Трошоци

-        жиранти

-        меница

До 48 месеци

10.50% год.     номинална стапка

Апликативен

Манипулативен

500,00 денари

1.5 % од износот на кредитот

Интеркаларна камата

 

Од денот на исплата на кредитот до денот на почеток на пресметка на првиот ануитет во висина на
номиналната каматна стапка

СВТ

 

12,17% СВТ за износ  на кредит од 120.000 МКД, к.с 10,50%, 1,50% манипулативен трошок, 500 денари апликативен  трошок и рок  на отплата 48 месеци.

* Врз висината на СВТ влијае рокот на враќање на кредитот, износот на кредитот, износот на трошоците за кредитот што се вклучени во пресметката на СВТ и висината на номиналната каматна стапка.

Користење на кредитот

Кредитот намален за износот на трошоците, интеркаларната камата  и друго се користи со:
-пренос на средствата на сметка на корисникот на кредит (штедна книшка и сл)
-исплата во готово на благајна во Штедилницата                                         -на друг начин по налог на корисникот на кредит
Корисникот на кредит е должен да склучи договор за кредит со Штедилницата и истиот да го отплаќа според утврдените услови.

Отплата на кредитот

Кредит се отплаќа во еднакви месечни ануитети, со или без административна забрана на месечните примања на жирантот на кредит. Ануитетот содржи дел главница и дел камата. Првиот ануитет достасува на наплата по истекот на месец дена од датумот до кој е пресметана и наплатена интеркаларна камата.
Достасувањето е секој месец.

 

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Право на користење на кредитот имаат државјани на Република Македонија со постојано место на живеење во Република Македонија со статус на студент –редовен/вонреден.
КРЕДИТНА СПОСОБНОСТ

Штедилницата утврдува кредитна способност за кредитобарателот преку солидарните жиранти.
Жирантите  се кредитно способни, кога имаат нето месечни примања со кои гарантираат месечниот ануитет нема да преминува 1/2 од вкупните месечни нето  примања.

Во кредитна способност може да се вклучи и доставена документација за вонредни приходи.

Штедилницата во постапката на обработка на Барањето за кредит покрај однапред утврдената документација го задржува правото да побара и дополнителна документација и утврди друга кредитна способност.

 

ИНСТРУМЕНТИ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА КРЕДИТОТ

  • солидарни жиранти
  • меница, потпишана од страна на сите учесници во кредитот
  • друго

ОСТАНАТИ УСЛОВИ
Сите трошоци поврзани со одобрување, осигурување, користење и отплата на кредитот, како и нотарските услуги ги сноси корисникот на кредит.
За предвремена отплата на кредитот Штедилницата не пресметува и наплатува провизија на преостанатиот неподмирен долг.

Штедилницата го задржува правото да одлучи по сопствена проценка поинаку кај утврдувањето на кредитните способности, обезбедувањето и за висината на износите на кредитите.

27 февруари 2015