Износ на кредитот

 физички лица до 600.000  денари                                             

Обезбедување

Период

          Каматна стапка

Трошоци

залог на возило                

     до 60 месеци

10.90% год.   номинална стапка

Апликативен

Манипулативен

500,00 денари

2 % од износот на кредитот

Интеркаларна камата

Од денот на исплата на кредитот до денот на почеток на пресметка на првиот ануитет во висина на  номиналната каматна стапка

СВТ

12,50% СВТ за износ  на кредит од 600.000 МКД, к.с 10,90%, 2% манипулативен трошок, 500 денари апликативен  трошок и рок  на отплата 60 месеци.

* Врз висината на СВТ влијае рокот на враќање на кредитот, износот на кредитот, износот на трошоците за кредитот што се вклучени во пресметката на СВТ и висината на номиналната каматна стапка

Користење на кредитот

Кредитот се користи со:
-пренос на средствата на сметка на  корисникот на кредит (штедна книшка и сл)
-исплата во готово на благајна во Штедилницата
-на друг начин по налог на корисникот на кредит
Корисникот на кредит е должен да склучи договор за кредит со Штедилницата

Отплата на кредитот

Кредитот се отплаќа во еднакви месечни ануитети или рати, со или без административна забрана на месечните примања на корисникот на кредит. Ануитетот или ратата содржи дел главница и дел камата.  Првиот ануитет или рата достасува за наплата според амортизационен план или согласно договорот.
Достасувањето на плаќање е секој месец. Пресметката на ратитите или ануитетите е месечно

 

ОПШТИ ОДРЕДБИ

 

Право на користење на кредитот имаат државјани на Република Македонија со постојано место на живеење во Република Македонија и со редовни месечни примања.

Учесниците во кредитот на денот на поднесување на барањето не смеат да бидат постари од 60 години.

 

КРЕДИТНА СПОСОБНОСТ

 

Кредитобарателот  е кредитоспособен кога пазарната вредност на залогот го покрива во целост кредитот.  Соодносот на вредноста на залогот и кредитот ги утврдува поединечно за секое барање повисок орган во Штедилницата. Штедилницата утврдува кредитна способност за кредитобарателот,кокредитобарател и/или солидарните жиранти.

Кредитобарателот и кокредитобарателот се кредитно способни, кога имаат нето месечни примања со кои гарантираат месечниот ануитет нема да преминува 1/2 од вкупните месечни нето  примања. 

Во кредитна способност на кредитобарачот може да се вклучи и доставена документација за вонредни приходи. Штедилницата во постапката на обработка на Барањето за кредит покрај однапред утврдената документација го задржува правото да побара и дополнителна документација и утврди друга кредитна способност.

ИНСТРУМЕНТИ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА КРЕДИТОТ

  • залог возило
  • меница
  • кокредитобарател (можност за вклучување на уште еден кредитокорисник) и/или

ОСТАНАТИ УСЛОВИ
Сите трошоци поврзани со одобрување, осигурување, користење и отплата на кредитот, како и нотарските услуги ги сноси корисникот на кредит.

Проценката на недвижностите ја врши овластен проценител од страна на Штедилницата. Штедилницата го задржува правото да бара дополнителни инструменти за осигурување.

За предвремена отплата на кредитот Штедилницата пресметува и наплатува 3% провизија на предвремено отплатениот дел. Штедилницата го задржува правото да одлучи по сопствена проценка поинаку кај утврдувањето на кредитните способности, обезбедувањето и за висината на износите на кредитите.

27 февруари 2015